Судијата Горан Милошевски бил пренесен во болница откако бил претепан од родител на дете од младинскиот погон на ФК Шкендија од Тетово и дел од стручниот штаб на клубот.
Очевидец раскажува за мкд.мк дека судијата бил претепан а на почетокот од турнирот немало полиција кој пристигнала откако премиерот Ковачевски дошол да го гледа својот малолетен син.
„На завршниот турнир на детската лига на комплексот на ФФМ Петар Милошевски беше нападнат судијата од страна на родител на деца од тимот на ФК Шкендија и дел од тренерите на овој тим. На судијата му беа нанесени тешки телесни повреди, по што се доведе до прашање доигрувањето на другите екипи бидејќи судијата не можеше да суди, па беше заменет од делегат од ФФМ. Страшно е тоа што децата од противничкиот тим видно исплашени бегаа од теренот. Полицијата дојде дури 30 минути подоцна“, изјави за МКД.мк родител, очевидец на настанот.
Целата информација на МКД.мк