Трендо влегува во трка за Центар

Сашо Мацановски Трендо најверојатно влегува во трка за градоначалник на скопската Општина Центар.

Неофицијално тој е помеѓу кандидатите кои имале највисок рејтинг помеѓу потенцијалните кандидати за градоначалници кои ги правела опозициската ВМРО ДПМНЕ, дознава порталот Скопјеинфо.мк.

Извори од ВМРО ДПМНЕ брифираат дека партијата сериозно размислува на локалните избори да истрча со непартиски кандидат кои би ги освоил гласовите на неопределените гласачи во Центар.

Од СДСМ велат дека и таму интензивно се води партиската битка за кандидат за градоначалник, како најсериозни кандидати се споменуваат актуелниот градоначалник Богдановиќ, но и поранешениот пратеник Емилијан Станковиќ.