Мајките не треба да стравуваат дека ќе останат без дел од породилното отсуство. Министерката за труд Јованка Тренчевска уверува дека се спинови и невистини тврдењата на дел од синдикатите дека по истекот на мајчинското, нема да можат веднаш да го искористат и родителското отсуство. Сегашното породилно од 9 месеци се дели на два дела: мајчинско од 5 месеци и родителско отсуство од 4 месеци.

Се уште се прават проекции, колку дополнителните четири и пол месеци породилно, ќе го оптоварат Фондот за здравство, но министерката за труд и социјала, Јована Тренчевска, уверува дека тој е стабилен и ќе има доволно средства за исплата на надоместокот.

Тринаесет и пол месечното породилно отсуство, кое е една од можностите во новиот Закон за работни односи ќе биде стопроцентно покриено од Фондот за здравство. Се уште се прават проекции, колку дополнителните четири и пол месеци ќе го оптоварат Фондот, но министерката за труд и социјала, Јована Тренчевска, уверува дека тој е стабилен и ќе има доволно средства за исплата на надоместокот.