Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска вели ѝ е криво што во јавноста излегоа шпекулации и се создаде ситуација да се помисли дека Законот за работни односи ќе експлоатира или дискриминира работници.

„Нема да биде донесен таков закон“ изјави министерката во гостување на „Топ тема“ на Телма и објасни дека со измените на Законот за работни односи, наместо осум часа недела ќе се дозволи повеќе прекувремена работа, што ќе зависи од процесот и условите.

„Тоа не значи дека сите работници ќе работат толку часови, колку што ќе биде максималната граница. Се зависи дали во моментот процесот ќе бара да се работи 8, 9 или 10 часа во текот на денот. Во овој момент не може да се каже кои и колку работници ќе работат прекувремено“, вели министерката.

Како што истакна изградбата на Коридорите 8 и 10 е од стратешко знаечење на државата, па поради тоа се размислува за воведување на исклучоци во зголемување на можноста за прекувремена работа, како што е тоа примерот со полицијата и АНБ.