Тренчевска: Mајките и натаму ќе имаат 9 месеци породилно, а четири месеци може да користи таткото

Не се намалува породилното за мајките, туку четири месеци добива и таткото, изјави за Канал 5 министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

„Тоа што се прошири по социјалните мрежи за кратење на породилното отсутво, тоа не е вистина, туку е шпекулација, односно нецелосно прикажување на новиот текст закон за работни односи, затоа што на мајката не и се скратуваат тие сегашни девет месеци, туку напротив се додаваат четири месеци како можност таткото да користи родителско отсутво заради раѓање на дете. Очекуваме во февруари да ни завршат овие јавни дебати околу текстот, да ги собереме предлозите, коментарите, тоа што е конструктивно и текстот да влезе во владина процедура, кој потоа ќе се прати во собраниска процедура“, изјави за Канал 5 министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Ваквиот пристап има за цел изедначување на улогата на мајката и таткото, односно мажот и жената во периодот на подигање на детето или децата.