Требало ли да ни се смеат: Димитров за микрофацијалните експресии на ЕУ министрите (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за Топ Тема на Телма не проговори ниту еднаш за личната одговорност што Македонија иако најави уште лани повторно не доби датум за преговори од ЕУ.

Наместо заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Османи и премиерот Заев да преземат политичка одговорност за погрешната проценка и лагите во врска со датумот, Димитров се обиде да го нападне ексминистерот за надворешни работи Антонио Милошоски за неговата изјава дека повеќе земји членки биле против датум за Македонија.

Во обид да избегне лична и владина одговорност Димитров започна да ги анализира микрофацијалните експресии на европските претставници.

Тој во видео што го објавува на профилот на Твитер на Министерството издвојува дел од интервјуто во кое зборува за тоа колку е тешко некому да му кажете НЕ а да се задржи сериозен израз на лицето.

„Јас сум уверен дека оваа година нашите аргументи се исклучително силни. И дека е многу тешко да задржите сериозен израз на лицето, а да ни кажете ‘не’ нам оваа година.” пишува во коментарот на твитот на министерот Димитров.

Димитров според начинот на кој е кажана оваа реченица најверојатно мисли дека министрите кои ја донесоа одлуката против датум за Македонија требало да се смеат додека ни велат дека не сме заслужиле почеток на преговори иако земјата го смени името и идентитетот, а на пат е да ја смени и историјата.