„Трансфермаркт“: Елмас најскап фудбалер од Македонија, Халанд со поголема пазарна вредност од Мбапе

Елиф Елмас е најскапиот фудбалер од Македонија, со пазарна вредност од 23 милиони евра, според проценката на „Трансфермаркт“ од 11 декември.

Дејан Кулушевски, чии родители се Македонци од охридско, а настапува за Шведска, вреди 50 милиони.


За специјализираната вебстраница, највреден фудбалер од европска земја е Ерлинг Халанд од Норвешка со 170 милиони евра, 10 повеќе од најдобриот стрелец на Светското првенство во Катар, Килијан Мбапе од Франција.