Трамп за потезите на Путин кон Украина: Колку е тоа паметно!

За поранешниот американски претседател Доналд Трамп постапките на рускиот претседател Владимир Путин кон Украина биле „генијални“ и го нарече рускиот лидер „многу разумен“, објавија американските медиуми.

Трамп во радио емисија дека откако дознал оти Путин ја признал независноста на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина,прокоментирал:

Си реков: „колку е тоа паметно“!

Запрашана да ја коментира изјавата на Трамп, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека тие се обидуваат да не прифатат совет „од некој, што го фали претседателот Путин и неговата воена стратегија“.