Украинската криза може да ескалира во Трета светска војна, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп, говорејќи на митинг пред неговите приврзаници во Јужна Каролина.
„Ова може да доведе до трета светска војна, гледам што се случува“, рече тој.
Трамп смета дека Русија нема да „запре“ во остварувањето на своите цели поради фактот што меѓу сегашната американска администрација „никој не може да разговара“ со руското раководство, особено со претседателот Владимир Путин.
Според него, „САД мора јасно да му дадат до знаење на Путин дека тој има само два избора – веднаш да започне мировни преговори или да се соочи со молскавични последици, вклучително и укинување на (западната) зависност од руската енергија“.
Трамп е уведен дека републиканците ќе ја вратат власта на претседателските избори во 2024 година.
