Поранешните американски претседатели ја осудија руската инвазија над Украина.

Џими Картер изјави дека руската инвазија на Украина го прекршува меѓународното право и го загрозува светскиот мир, пренесува Си-Ен-Ен.

„Американската влада мора да покаже солидарност со Украина. Не можеме да го толерираме авторитарниот режим на Путин“, изјави Џорџ Буш.

Барак Обама ги поддржа санкциите наметнати од Џо Бајден. Тој додаде дека мора да бидеме подготвени за економските последици доколку тоа е цената што треба да ја платиме за мир.

Бил Клинтон рече дека Русија ќе ја смета единствено одговорна за кршењето на меѓународното право.

Само Доналд Трамп изрази поинакво мислење. Тој го опиша нападот врз Украина како „многу тажен момент во човечката историја“.

Според него, такво нешто немало да биде возможно за време на неговата администрација. Поранешниот претседател го опиша потегот на Владимир Путин за уривање на независноста, суверенитетот и демократијата на Украина како „генијален“.