Трамп утре ќе помилува 100 лица, но не и себе!?

Актуелниот претседател на Соединетите држави, републиканецот Доналд Трамп, има намера да објави помилување за околу 100 лица утре, 19 јануари.

Во исто време, како што јави Си-ен-ен, шефот на Белата куќа не планира да се помилува самиот себе, како што претходно сугерираа некои американски медиуми. Сепак, предупредуваат дека неговите постапки во последните претседателски денови може да бидат непредвидливи.

Претходно Њујорк Тајмс објави дека по настаните од 6 јануари и најавената втора постапка за импичмент, Трамп со својот тим наводно разговарал за можноста да се помилува себеси, ќерката Иванка и нејзиниот сопруг, Џеред Кушнер.