Трамп убеден дека може да победи на претседателските избори догодина

Поранешниот американски претседател Трамп изјави дека тој е единствениот кандидат кој може да победи на изборите следната година и посочи дека тоа е единствената причина поради која се соочува со низа кривични пријави, пренесе Би-би-Си.

Трамп изјави дека ќе се кандидира за претседател дури и ако биде осуден.

Истражување на јавното мислење покажува дека меѓу републиканските кандидати, Трамп има поддршка од 52,4 отсто, гувернерот на Флорида ДеСантис 15,5 отсто, додека сите останати републиканци се под 10 отсто.

Трамп наскоро може да биде обвинет во Вашингтон за обид за поништување на резултатите од изборите во 2020.

Трамп ги отфрли сите обвиненија и рече дека не е виновен.