Трамп со војска ќе ги смирува протестите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати армија за да ги задуши граѓанските немири во земјата, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, задушен при апсење.
Ако градовите и државите не успеат да ги контролираат протестите и да ги заштитат своите граѓани, тој рече дека ќе ја мобилизира армијата и брзо ќе го реши проблемот за нив, пренесува Би-Би-Си.
„Се заколнав да ја бранам Америка и ќе го сторам тоа. Правдата за Флојд ќе се постигне, но не можеме да дозволиме насилните демонстранти да ги загрозат нашите мирни граѓани. Јас сум сојузник на сите мирни демонстранти, но тоа е повредено од професионалните анархисти, антифа и другите “.

„Испраќам илјадници и илјадници тешко вооружени војници за спроведување на законот за да се спречи вандализмот“, рече Трамп според кој полицискиот час ќе биде строго почитуван.

Протестите за смртта на Џорџ Флојд влегуваат во седмиот ден.