Трамп: Само во мое време Путин никого не окупираше

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го осуди рускиот напад врз Украина како „страшен чин што никогаш не требаше да се случи“.

Но тој се пофали дека само во негово време Путин никого не окупирал и потсети:

„За време на претседателствувањето на Буш помладиот, Русија ја нападна Грузија“.

„Во времето на Обама го окупираа Крим.

Во времето на Бајден ја нападнаа Украина.

Останувам единствениот претседател во 21 век за време на чие владеење Русија не нападна ниту една земја“.