Поранешниот американски лидер Доналд Трамп, со уште една критика за неговиот наследник и актуелен американски претседател Џо Бајден:
„Владимир Путин повеќе не го почитува американското раководство, а тоа непочитување го покажува зборувајќи за нуклеарно оружје“, изјави Трамп на митинг во Небраска.
Тој вели дека за време на неговото владеење Америка била посилна од кога било претходно.
„Денес, лидерите на другите земји дури и не возвраќаат на повиците до претседателот на Соединетите држави“, рече тој, мислејќи на официјални лица од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати кои одбија да разговараат со Џо Бајден за поскапувањето на горивата.
Трамп вели дека Бајден „нема поим што се случува“.
А, „од друга страна, Путин постојано зборува за нуклеарно оружје“, бидејќи, како што рече не го почитува раководството на САД.
