Трамп призна пораз

Претседателот во заминување Доналд Трамп призна дека Џо Бајден ќе биде следниот американски претседател, еден ден по насилниот упад на неговите приврзаници во зградата на Конгресот, пренесува АП.

Трамп, кој упорно повторуваше дека изборите на 3-ти ноември биле, синоќа објави дека ќе се фокусира на непречената и мирна транзиција на власта во администрацијата на Бајден.

„Конгресот ги потврди резултатите. Новата администрација ќе биде инаугурирана на 20 јануари. Сега сум фокусиран на обезбедување непречен и мирен трансфер на власта”, рече Трамп на видеото објавено на Твитер.