Поранешниот претседател Доналд Трамп покажа со прст кон актуелниот претседател Џо Бајден како виновник на колапсот на Банката во Силиконската долина (SVB), и предупреди на дополнителна финасиска катастрофа, објави „Њусвик“.
„Со она што и се случува на нашата економија и со предлозите за најголемото и најглупаво зголемување во историјата на САД, по петти пат, Џо Бајден ќе заврши како модерен Херберт Хувер.
Ќе имаме најголема депресија поголема и помоќна од таа од 1929-та година.
Банките веќе почнаа да колабираат“, напиша Трамп на неговата платформа , Truth Social.
Некогаш 16-та по големина во земјата Банката на Силиконската долина со над 200 милијарди долари средства пред само неколку месеци, пропадна во петокот.