Доналд Трамп во вторникот вечерта ја објави својата кандидатура за републиканска претседателска номинација во 2024 година, што веројатно ќе предизвика уште еден период на метеж во американската политика, а особено во неговата политичка партија.

„Со цел да ја направам Америка повторно голема и славна, вечерва ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Соединетите Држави“, рече Трамп од сала на неговиот приватен клуб Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.

Ветувајќи дека ќе го победи Џо Бајден во 2024 година, тој изјави: „Златното доба на Америка е напред“.

Долгоочекуваната објава беше очекувана.

Но, позицијата на Трамп во Републиканската партија е доведена во прашање една недела по среднорочните избори на кои неговата републиканска партија не постигна очекувани резулатати, губејќи го Сенатот и изгледаше дека е на пат за само тесно мнозинство во Претставничкиот дом на САД.

Сепак, Трамп ја презеде заслугата за победата на републиканците во Претставничкиот дом, иако тие се подготвени да освојат многу потесно мнозинство отколку што се очекуваше. „Ненси Пелоси е отпуштена. Зарем тоа не е убаво?“ рече тој.

Се уште не е јасно кој ќе го добие мнозинството во претставничкиот дом.