Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека нема намера да се врати на Твитер.

Откако сопственикот на Твитер, Илон Маск, го реактивираше профилот на Доналд Трамп на Твитер, поранешниот американски претседател и кандидат за иден во 2024-та, изјави дека нема намњера да се враќа на оваа социјална мрежа.

Илон Маск покрена анкета во која 51,8 отсто од 15 милиони анкетирани гласаа за враќање на профилот на Трамп.

Трамп моментално има 9,3 милиони следбеници, а неговата популарност на Твитер расте од час во час.

„Не гледам причина да се вратам на Твитер“, рече Трамп преку видео врска, откако беше прашан дали планира да се врати на мрежата, објави Ројтерс.

Тој истакна дека ќе се држи до својата приватна платформа „Social Truth“, бидејќи нејзините корисници, како што нагласи, имаат повеќе придобивки од Твитер.