Претседателот Трамп кој денес го осуди наводниот напад со хемиско оружје во кој загинаа десетици луѓе во Сирија и го нарече „варварски чин“ изјави дека во наредните 24 до 48 часа ќе донесе одлука дали да се одмазди воено као што тоа го стори минатата година.
„Зборуваме за човештвото и не може да се дозволи да се случува тоа“, изјави Трамп на новинарите на почетокот од состанокот на кабинетот на кој тој посочи дека наскоро ќе биде решено за соодветенодговор.
„Ќе ја донесеме таа одлука многу брзо, најверојатно до крајот на денот. Не можеме да дозволиме такви злосторства“, изјави Трамп како што пренесе Њујорк Тајмс.
Тој побара Русија да ја повлече безррезервната поддршка на претседателот Башар ел Асад.
Тој рече дека сите опции на масата откако ќе се утврди кој е одговорен за нападот – Русија, Сирија, Иран или „сите заедно“.
На 30 март американскиот претседател најави повлекување на американските сили од Сирија, откако прогласи дека терористичката Исламска држава е елиминирана.