Поранешниот американски претседател Доналд Трамп очекува да биде уапсен во вторник во случајот што го покрена окружното обвинителство на Менхетен и ги повика своите поддржувачи на протести.
Портпаролот на канцеларијата на окружниот обвинител одби да коментира.
Трамп, без да обезбеди докази, рече дека „незаконските протекувања“ од канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен укажуваат дека тој ќе биде уапсен. Тој не кажа какви ќе бидат обвиненијата.
„Протестирајте, вратете ја нашата нација! повика Трамп.
Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, претходно оваа година почна да презентира докази пред големата порота која ја истражуваше исплатата од 130.000 долари од страна на поранешент адвокат на Трамп, на порно ѕвездата Сторми Даниелс, што се случи во последните денови од кампањата на Трамп во 2016 година.
Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, вели дека имала афера со Трамп една деценија порано.
Трамп негираше дека аферата се случила.
Трамп беше републикански претседател од 2017 до 2021 година и рече дека ќе направи напори да се врати во Белата куќа на претседателските избори во САД во 2024 година.