Трамп именуваше дизајнерка на чанти за амбасадор

Американскиот претседател ја именуваше модната креаторка, Лана Маркс, за нов американски амбасадор во Јужноафриканската Република.

Маркс, која е по потекло од Јужна Африка, дизајнира луксузна облека и чанти, и живее и работи во јужна Флорида.


Позицијата американски амбасадор во Јоханесбург не беше пополнета уште од доаѓањето на Трамп на власт, што беше причина за критики дека неговата администрација е помалку заинтересирана за односите САД-Јужна Африка од претходната.