Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе тужба против кабелската ТВ мрежа Си-Ен-Ен, во која за изречени клевети бара отштета од 475 милиони долари.
Барање до судот во Флорида го поднел вчера
Во својата тужба поднесена до судот во Форт Лодердејл, Флорида, Трамп тврди дека Си-Ен-Ен го искористил своето значително влијание за да го порази политички поранешниот американски претседател „со низа скандалозни, лажни и клеветнички етикети како „расист“, „руски лакеј“, „бунтовник“ и на крајот „Хитлер“, изјавија адвокатите на Трамп.
Од медиумската куќа се уште не се изјасниле за тужбата, објави Гардијан.
Поранешниот републикански претседател на 29 страници од тужбата пишува дека Си-Ен-Ен долго време го критикува, но дека интензивирале во последните месеци бидејќи планира повторно да се кандидира на изборите во 2024 година.
