Трамп го повика Путин да каже што знае за зделките на синот на Бајден

Доналд Трамп го повика рускиот претседател Владимир Путин да објави информации за наводните договори меѓу Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, и источноевропските олигарси, пишува американскиот весник Политико.

За Хантер Бајден, Трамп ги цитира наодите од контроверзната, многу политизирана истрага на републиканскиот Сенат за Бајден, која беше објавена само неколку недели пред тоа во 2020 година и даде малку нови докази за погрешно постапување.

Трамп постојано зборуваше за наводни странски деловни зделки на Хантер Бајден, особено тврдејќи дека добил милиони долари од сопругата на починатиот градоначалник на Москва, Јуриј Лужков.

„Таа му даде 3,5 милиони долари, па сега мислам дека Путин ќе го знае одговорот. Мислам дека треба да го објави“, рече Трамп во интервјуто.

„Мислам дека треба да го знаеме тој одговор.

Трамп не спомна дека тој самиот се обидувал да прави бизнис со Лужков кон крајот на 1990-тите, според весникот Политико.

Портпаролот на Белата куќа одби да ги коментира изјавите на Трамп. Адвокатите на Хантер Бајден, исто така, не зборуваа за ова прашање.