Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше виден на голф турнирот ЛИВ во голф во едно од ретките настапи без шминка, а корисниците на социјалните мрежи беа шокирани од неговото лице.

Трамп играше голф на турнир поддржан од Саудиска Арабија во Бедминстер, Њу Џерси.

Од лицето на поранешниот претседател исчезнаа препознатливиот портокалов сјај и светлите кругови под очите.

Наместо тоа, бојата на кожата на лицето му се совпаѓала со онаа на вратот, а брчките биле поизразени. Неговиот изглед поттикна бројни корисници на Твитер да дадат бројни коментари.

„Трамп без шминка изгледа како сосема друга личност. Тргнете му ја капата и не би го препознал“, напишал еден корисник на Твитер.

„Тој изгледа како Дарт Вејдер кога ќе ја соблече маската“, пишува друг.

„Иако не одобрувам, разбирам зошто користи спреј за самопотемнување“, е уште еден од броојните коментари.