Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека доколку биде реизбран за шеф на државата во 2024 година, ќе изгради противракетен одбранбен систем кој ќе ја заштити Америка од хиперсонично нуклеарно оружје, пренесуваат медиуми.

Според Трамп, светот стана многу поопасен за време на актуелниот американски претседател Џо Бајден.

“Ќе изградам штит за да ја заштитам Америка од ракетни напади. Ќе имаме мир со помош на сила. Го имавме и немавме војни. За време на администрацијата на Трамп немаше војни – запомнете го тоа”, рече поранешниот американски претседател.

Претходно Доналд Трамп изјави дека ако сега бил на чело на Белата куќа, ќе можел да постигне мирно решение на конфликтот во Украина во рок од 24 часа.

Според него, борбите треба да завршат со договор, а не со испраќање милиони долари помош за Киев.