Трамп два пати се обрука во Париз

Американскиот претседател кој се наоѓа во Франција по повод одбележувањето на 100 годишнината на Првата светска војна, ја откажаl планираната посета на американските гробишта во Бело (Belleau), место од огромна важност за американската армија – поради дожд, пишува „Gардијан“.

Тоа беше причина Трамп да биде жестоко искритикуван од внукот на Винстон Черчил, Николас Сомс, кој на Твитер порача:

„Тие загинаа со лицето кон непријателот и патетично несоодветно е @ RealDonaldTrump да не може да му се спротивстави на времето и да им оддаде почит на Паднатите“.

Претходно Доналд Трамп на приватна средба со францускиот претедател Емануел Макрон во Париз, рекол дека лидерите на Балтикот се одговорни за војната во Југославија, пренесе „ле Монд“.

Според весникот, Трамп, остана „очигледно необразован по ова прашање од неговата сопруга Меланија, која е од поранешна Југославија“.

Меланија Трамп е од Словенија, која ја стекна својата независност во 1991 година, на почетокот на крвавите балкански конфликти што завршија со косовската војна од 1998-1999 година, потсетува францускиот весник.