Социјалната мрежа Фејсбук на две години ја блокираше сметката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, објавија Ројтерс и Њујорк тајмс.
Трамп ќе остане без пристап до социјалната мрежа до јануари 2023 година, кога Фејсбук ќе одлучи дали ќе ја одблокира.
Забраната беше воведена на почетокот на оваа година кога тој го оправда упадот на неговите приврзаници во Конгресот.
Компанијата соопшти дека ако Трамп повторно ги прекрши правилата на социјалната мрежа, може да прибегне кон целосно затворање на неговиот профил.
Во последните недели од неговиот мандат како претседател на Соединетите држави, на Трамп му беше одземена можноста да објавува на Твитер, Фејсбук и Инстаграм.
