Поранешниот претседател Доналд Трамп ги обвини САД дека „речиси го принудиле“ рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина.

Трамп тврди дека инвазијата во Украина „никогаш“ немаше да се случи доколку тој сè уште беше претседател, пренесе „Њузвик“.

Toj беше критичен за тоа како претседателот Џо Бајден, против кого може да се кандидира на претседателските избори во 2024 година, се справува со дипломатските односи со Русија.

За време на интервјуто за гласот на десниќарската Real America voice Трамп обвини тврди дека „реториката“ во месеците пред инвазијата во Украина придонела за одлуката на Путин.

„Тие всушност го исмеваа…Нашата земја и нашето таканаречено раководство го исмеваа Путин.
Реков, тие речиси го принудуваа (Путин) да влезе со тоа што го зборуваа. Реториката беше толку глупава“.

Но, Трамп не наведе никакви конкретни примери за тоа како САД го „исмејувале“ Путин, пренесува „Њузвик“.