Трамп би го победил Бајден ако сега има избори

Поранешниот претседател Доналд Трамп би го победил сегашниот лидер на САД, Џо Бајден, ако во моментов се одржат избори, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење од Харвард КАПС-Харис.

Во хипотетичкото одмерување на силите Трамп би добил 47 проценти од гласовите, а Бајден 41 отсто.

Потпретседателката Камала Харис би поминала уште полошо од Бајден, бидејќи за неа во моментов би гласале 38 проценти од 1.990 анкетирани, наспроти 49 отсто за Трамп.

Анкетата е спроведена на 23 и 24 март.