Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на избори во САД би го победил актуелниот шеф на државата Џо Бајден, покажуваат резултатите од студијата на социолошката служба Харвард CAPS-Harris, која ја цитира „Хил“.
Според овие податоци, 46 проценти од гласачите би го преферирале Трамп ако изборите се одржат денеска, 41 отсто би гласале во корист на Бајден, а 13 отсто не се сигурни во својот избор или не знаат за кого ќе гласаат.
Ако Трамп за противник би ја имал актуелната потпретседателка Камала Харис во трката, тој би ја победил со 49:39 проценти.
Трамп ќе победи, според анкетата, и во борбата за републиканската номинација. Ако се избира меѓу него и гувернерот на Флорида, Рон Десантис, експретседателот би освоил 37 проценти од гласовите, неговиот хипотетички противник 19 отсто, а поранешната американска амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, би добила само 7 отсто.