Директорката на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајковска реагира на бугарските сугестии за Македонија меѓу кои се предлозите кои малцинства да ги признаеме и дали да се среќаваме со претставници на македонското малцинство во Бугарија.
Таа на шега вели дека од сега ќе биде полесно затоа што Бугарија ќе ни ја мисли за сите работи затоа што ние не мислиме.
,,Денеска може да резимираме дека Бугарија ќе ни каже кого се треба да вметнеме во Устав, после ќе ни определи дека барем 15 години ќе преговараме со ЕУ и оти за време на 27те поглавја, ќе може да не зеза до недоглед, па ќе му сугерира на Претседателот кога смее, а кого не смее да прима, ќе ни ги зачисти спомениците од несоодветни зборови, ќе ни каже што да учиме по историја, и ќе донесе цвеќе на гробот на Гоце Делчев на 4ти, оти њали сичко е исто само ние што сме титова измислица.
Остана уште да ми каже кои слики да закачам дома, и како да се шишаме летово – со кркми или не.
А ние на Бугарите смееме само Мерси да им кажеме.
Фала многу обаче, вака ич не треба да мислиме за ништо, не дека до сега се утепавме од мислење”, иронично заклучува Трајковска.