Трајковска предлага одговор со песна: Бугарите идат во највисок состав, се мачат да ги признаат Македонците (ВИДЕО)

Директорката на Институтот за комуниколошки студии Жанета Трајкоска повикува на специфичен отпор преку песна на бугарската негаторска политика кон Македонија.



,,Читам вест дека Бугарите во највисок состав ќе дошле во Македонија на 18 јануари, за да ни кажат по Н пати дека први ни ја признале државата, ама ете, се уште се мачат да признаат дека има 2 народи, со 2 јазици, со 2 цркви, со 2 држави и 2 истории и дека едното од тие две сме ние – Македонците.

Не знам за вас, ама мене секогаш ми текнува на оваа сцена на Трето полувреме и на Море сокол пие. Штета што не може да ја најдам Елена и Баклава со песната, ама и ова ќе заврши работа- оти реално се си кажува сценава за нашите пријателски односи обаче :)))

П.С. не знам за вас ама од веста мене ми иде да си го заштитам грбот со некој ѕид :)))”, пишува Трајкоска со доза на иронија за бугарските најави за посета на висока делегација од Софија на Скопје на 18 јануари.

Песната и сцената е од филмот Трето полувреме