Трајковска: Не викале „северна“ туку „Јас сум магаре со ушите нагоре“

Новинарката Жанета Трајковска на Фејсбук сподели свое видување на она што се случувало на Мечкин Камен на 2 август и дали, кој и што скандирал:

„Ок дечки, навистина не знам кој викал северна, на Мечкин Камен. Тажно и јадно е, ама да е јасно, тие не викале северна, тие викале насмеано ‘Јас сум МАГАРЕ, со ушите нагоре!’“- пишува Трајковска. 

„Друго е страшното. Страшно е што ова е состојба на умот на голем дел од народецов овде, во државичево. Ова е резултат на постојан стрес и стега за тоа како да му се допаднам на надредениот, на шефот, на партијата, на тој што ме донел на Мачкин Камен, на тој што ме внел во партија, на тој што ќе ми даде работа.

И оваа состојба на умот е дел од нашето секојдневие, од нашиот живот. Катадневно се сретуваме со луѓе што се откажале од својата борба и креваат раце од себе, па почнуваат да слушаат, роботизирано да креваат раце, да викаат северна, да лепат плакати, да јадат сендвичи, да се качуваат во автобуси, да гласаат како ќе им каже оној шефот од погоре…“