Во ироничниот пост за условите кои Алтернатива ги побара и ги доби од премиерот Заев за да влезе во владата директорката на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајковска споменува и млеко од диво магаре.
,,А масажа за секој ценет пратеник од Алтернатива еднаш дневно, маникир за сите нивни директори, службени картици и коли, и секако отворен број на нови вработувања во јавниот сектор?! Само да се остане на власт, а бе има и млеко и диво магаре да обезбедите. А Македонија, кој ја врти- дајте НОВО министерство нема проблем, може оваа Македонија да издржи и Влада со 30 министри, богата е. Дајте нови заменици директори, ако треба и по 3 ќе има- за секоја партија во коалицијата – чиста работа. И секако, за секоја пресуда – меѓународна истрага – оти нашиот правосуден систем е тотално неспособен…за по душа може се и во право. Не знам, но јас би барала да се доистражи и да се поднесе одговорност за модуларната во Тетово, за ужасната трагедија во Бугарија, сообраќајната кај Ласкарци…. На пример, ама па тоа веројатно не е кликабле и не буди етноцентрички чуства кај граѓаните од оваа богата држава со ужасна пазарска политика.
„…Владата да бара меѓународна истрага за судските пресуди каде што има сомневања за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво Насеље, случајот со Алмир Алиу…
Неофицијално Алтернатива ќе го добие министерското место за здравство, за информатика и министер за дијаспора. Заменици министри од Алтернатива ќе бидат во култура, земјоделство и транспорт, заменик претседател на Собранието, директорско место во МЕПСО… и уште десетици места во јавните претпријатија, здравствени установи, надзорни и управни одбори…“, пишува од политичките трговија резигнираната Трајковска.