Трајковска: Кој ве прашува како треба да личи ГТЦ…

„Ама не знам што се буните, па видете колку зеленило ќе има, бетонирано за по душа во леи..ама ќе има…и грмушки и трева ќе има и цвет овде, цвет онде, се ќе си има. Нон стоп да се мрчело, само лошото го гледате…ццццц“, комњентира на Фејсбук ноцвинарката Жанета Трајковска..

„Тоа големото што се гради ко нов кат е за вработените де…да пушат. Не ја гледате големата слика и најзлобно на свет за ситни поткровја се буните. Вака само работите во интерес на мрачните сили. Затоа дојдете да го гушнеме ГТЦ уште еднаш пред да го забетонираме до крај.
Плус, абе кој ве праша вас како треба да личи ГТЦ и што ви треба вас, на граѓаните?! Има кој да мисли за вас, затоа шшшшш…