Трајковска: И еден претходен „Шарл Мишел“ ветуваше брз влез во рајот

По изјавата на првиот човек на ЕУ Шарл Мишел, кој ја спомена 2030 како датум кој може да биде нов термин за прием на нови членки ако ЕУ, реагира директорката на Институтот за медиуми, Жанета Трајкоска.

„Се сеќавам и кога бевме на пругите за брзиот воз кон ЕУ пред референдумот за Преспанскиот договор и менувањето на името.


Се сеќавам и дека ветено било (од некој Шарл Мишел во минатото -усно секако), дека за 4 -5 години ќа сме пред нивните порти и кај и да е, ќе пенетрираме во рајот, запирајќи на станицата викана ЕУ.

Еве сме пак, после години, гледаме накај брзиот воз и си викам сама на себе оти бе Жане памтиш кој што збори бе?!

Туку Шарл Мишел уште колку е на функција, за колку месеци му завршуваше мандатО?!-прашува Трајкоска во објава на Фејсбук