Новинарката Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии, со резигнирана реакција за фудбалските вештини на министрите од ДУИ покажани во просториите на Министерството за политички систем и односи меѓу заеддниците на Артан Груби.
„Сакате да ви кажам културно или онака директно?!
Овие од ДУИ нè рокаат, или уште подиректно, се зае*аваат со нас на мртво. Нè играат на мали голчиња како мамлази. Замислете која било друга партија вака да си игра во Кабинетот на кој било министер во Владата?! Па уште и снимено, монтирано, со музиче, па ефекти… па, па, па… баба, јако! Па да беше некој друг, па до сега ќе имаше врескање од Галичник до Река, ќе се слушаа пискотници од сите ‘слободоумни граѓани и граѓанки’ дека тоа е навреда, срам, потценување на сите граѓани, а пред сè на државата. Слушнав нешто вакво сега или мукла?!
Ај ќе ги чекаме да играат ватерполо следно…
Државата им е двор и вршат нужда низ дворов оти им се може, оти ќе падне Владата, а и следната нема да може да пркне оти тие се посебни, со посебен степен на заштита, што од внатре, а најмногу од надворешни фактори.
А вие другите граѓани и граѓанки од едното опШество – месете леб и мислете како да излезете на крај до 1 и да платите струја. Они се, сепак, буржоазија која може сè, а вие не смеете ни погледот да го дигнете од подот. Оти ќе има криза и Владата ќе падне, а ене зад ќошон нè чекаат ЕУ преговори.
#МРШ“, коментира Трајкоска на Фејсбук.