Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии, реагира на најавата од министерот за здравство Венко Филипче дека Бугарија ќе ѝ достави антиковид вакцини на Македонија откако ќе ги задоволи потребите на своите граѓани.
„Каков е бре овој садомазохистички однос? Или, што би рекле психијатрите, најверојатно нашиот политичкиот врв има развиено Стокхолмски синдром кон својот киднапер и злоставувач, инаку нема друго објаснување. Освен можеби дека не сме биле на време со набавката на вакцини, па ќе треба да чекаме до лето. Д како достоинство и Д како Дипломатија“, коментира новинарката.
https://www.facebook.com/zaneta.trajkoska.7/posts/10158112032531314