Трајкоска: Се надевам дека профилот на Заев е хакиран

Директорката на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајкоска која со странски партнери работела на комуникациски стратегии на повеќе влади не може да поверува дека лидерот на СДСМ Заев можел да напише статус во кој признава дека го злоупотребувал невладиниот сектор пред да ја преземе власта.

Според Трајкоска со статусот на Фејсбук Заев фрлил пепел на сите граѓански движења кои беа активни при уривањето на предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот статус на Трајкоска:

Многу се надевам дека до после ќе излезете и ќе кажете дека профилот е хакиран и некој пишувал сешто.
Со овој пост само што посипавте пепел на се што се случуваше пред неколку години, од Пленум, протести, граѓански инцијативи и организации финансирани од Сорос.

А немате право!!!

Оти колку и да сте сметале и се уште сметате дека сте контролирале некои процеси, во Пленумот и студентски и професорски, Шарена, Секој ден во 6, Правда за Мартин Нешковски имаше илјадници млади и не толку млади луѓе, граѓански активисти кои веруваа дека е нивна обврска да излезат за тоа зло да не се повтори никогаш повеќе.

Граѓаните беа на улица оти сакаа и чуствуваа дека тоа е моментот да ја заземат сопствената држава. Подоцнежното киднапирање на процесите е друга приказна, вие треба да го објасните.

За жал, граѓани кои бараат слобода и демократија нема да видиме уште долго на улици. Хммм ај да погодиме зошто е тоа така?

Хакнат е така?!