Директорката на Институтот за комуникациски студии реагира на соопштението од кабинетот на косовсѝкиот премиер Албин Курти дека 4 лидери на партиите на етничките Албанци во Македонија на косовскиот премиер му предложиле следниот претседател на земјава да биде од редовите на Албанците, кој ќе го отелотвори соживотот меѓу етничките групи и ќе го гарантира европскиот пат на Македонија.
„Ај што е веќе редовна пракса албанските политички лидери од Македонија, да одат на баци рака и на преслушување во Приштина и Тирана, ко да немаат автохтона политичка мисла и цели кои треба да се врзани за Македонија и за албанските граѓани кои живеат тука;
Ај што потпишуваат разноразни договори под будното око на поголемите Албанци (за нив, не за мене), оти они веројатно сметаат дека се помали или некадарни да седнат заедно на муабет не знам, ама овие политичари од Македонија, денеска во Косово си се согласиле и му предложиле на Курти следниот претседател на Македонија да биде Албанец.