А, каков однос кон знамето сакате да имаат младите генерации, кога македонското знаме НЕ се вее на државни празници во еден куп општини во државата, кога не го гледаме во седиштата на дел од политичките партии, кога искинати знамиња се веат на државни иституции и јарболи, па уште може и да се смени, ако така решат партиските поглавици во пакет заедно со химната, #јер така било во “развиените” земји“, пишува новинарката Жанета Трајкоска по инцидентот кога македонската претставничка на Евровизија го фрли македонското знаме – за да се слика.

„Како сакате младите да имаат однос кон знамето и државата кога не е ИН да си ја сакаш земјата, кога на партиотизмот се гледа со потсмев и кога се исмејуваат тие што навиваат за македонската репрезентација.

Како сакате односот на младите кон националните симболи кон државата да е поинаков од тој на постарите, кога со децении намерно се газат, исмејуваат, плукаат и им се намалува значењето?!

Ужасна е постапката на Андреа, но верувам дека е ненамерна и без размислување.

Ама непочитувањето на знаемето од постарите, од овие политичариве и тие што работат во државните институции е со размисла и со јасна намера. Но, кон нив нема револт, оти тоа е релативизирано и веќе не го ни забележуваме.

Проблемот не е во Андреа, проблемот е во криво насадениот однос кон Македонија и нејзините симболи. Затоа, намалете “доживљај” и омраза кон Андреа, а од утре кренете го гласот и барајте државата Македонија да почне да си го почитува сопственото знаме….од институции, преку општини до партии“, напиша Трајкоска на Фејсбук.