„Донесување на закон за испитување на потеклото на имотот добро звучи, посебно за недоволно упатените“, вели поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на ДС, Павле Трајанов, за Дојче веле
Изјавата на претседателот на ДС е во контекст на изјавата на поретседателката на ДКСК сметаат дека што поскоро треба да се донесе Закон за потекло на имот, за секој граѓанин да каже од каде му се средствата за да го стекне тој имот.
„Таков закон имаше во времето на СФРЈ, кој ја покажа апсурдноста на имплементација, за на крај да се сведе на флоскулата ‘имаш куќа, врати стан‘. Србија донесе Закон за утврдување на потеклото на имотот, но засега нема позитивен исчекор во бобрата против криминалот и конфискација или оданочување на капиталот стекнат на криминален начин.
Се отвораат дилеми – кој треба да докажува дали имотот е стекнат на чесен начин: државата, или тој што го поседува имотот? Ако треба да докажува носителот на имотот, тоа е како да те обвинат за тешко кривично дело без докази, а ти да докажуваш дека си невин“, вели Трајанов.
Има дилеми и од кога би важел законот – од денот на донесување или ќе има ретроактивно дејство, кој ќе го детектира скриениот имот, имотот во странство, како ќе се спречи опасноста од селективна примена, партиските влијанија итн.
„Предлагам донесување на Закон за борба против тешки облици на организиран криминал и висока корупција, и формирање на независна Агенција што ќе го спроведува овој закон. На Македонија и е потребен заокружен и ефикасен систем за борба против криминалот“, сугерира Трајанов.
