Претседателот на Демократскиот сојуз изјави дека првичните анализи на објавените податоци од пописот не се одраз на фактичката состојба и смета дека дека пописот е неуспешен.
„Во дијаспората, проценките се дека само околу 10% од Македонците се попишани, додека во Македонија, од резидентното население, претежно Македонци, над 130.000 не се попишани. Овие бројки го наметнуваат заклучокот, дека пописот е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста.“- рече Павле Трајанов во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.
„Потребно е да се направат дополнителни вкрстувања и проверки на податоците, а за нерезидентното население (иселеници) да се спроведе дополнителен попис.“ – изјави Павле Трајанов за Студио 10.
