Демократскиот сојуз, очекува решителна реакција од партиите на власт, невладиниот сектор, медиумите и слободномислечките граѓани и ги повикува на протести, а од членовите на Уставниот суд бара итни оставки по иницијативата да се вратат во сила одлуките на Ѓорѓе Иванов за аболиција на 56 лица носители на високи државни и политички функции
За демократскиот сојуз на Павле Трајанов ова претставува „театар на апсурдот“, што „создава неподнослива реа на повторен обид за амнестија, за поништување на сите случаи на СJО и за создавање нова коалиција меѓу криминалот и политиката“.
И министерката за правда Рената Дескоска денеска го повика Собранието даде автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување:
„Во рацете на Собранието е еднаш за секогаш да го затвори ова прашање и да оневозможи оживување на незаконските помилувања на Иванов.
Министерството за правда ќе поднесе иницијатива до Владата да побара автентично толкување од Собранието, но тоа секако уште денес можат да го сторат и пратениците кои покрај барање за автентично толкување може да бараат и итна седница на Собранието за ова прашање. На ова прашање ќе се види кој е за правда и казни за оние кои се огрешиле од законот, а кој е за амнестија и помилување. На ова прашање ќе се види кој го разбира концептот на нулта корупција како концепт на казнивост на корупцијата, а кој како концепт на помилување на корупцијата. Пред пратениците од сите пратенички групи е како ќе се постават во овој случај – како поддржувачи и застапници на правдата или како слуги на криминалот“, вели Дескоска.
Уставниот суд во средата одлучи да поведе постапка за оценување на членот 11 од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016.та година, односно да се утврди дали претседателот на државата може да повлече одклука за помилување или – важи амнестијата што веќе ја донел.