Претседателот на Демократски Сојуз Павле Трајанов смета дека најавениот сојуз за Европска Унија на лидерот на ДУИ Али Ахмети е само флоскула.

Уставните промени се врзани за евроинтеграциите, сега Ахмети ќе прави сојуз, фронт итн за ЕУ… Оставете ги тие флоскули, фронт, ништо од фронтот. Ние треба да разговараме со сите парламентарни и вонпарламентарни партии, вели Трајанов.

Тој истакна дека албанскиот јазик не може да стане официјален во Европската Унија преку Македонија.

Советот на ЕУ да излезе и да рече да, македонскиот јазик ќе биде службен, официјален затоа што во тие преговори има и други работи кои што не сакам… зошто некој инсистирал да бидат два службени јазици во ЕУ што не е спорно, албанскиот јазик ќе си биде, Албанија штом влезе, исто. Но не може тоа да оди преку Македонија“, вели Трајанов.

Тој рече дека и да се отвори Уставот, односно да се внесат Бугарите, сепак тие повторно можат да не блокираат. Затоа, смета Трајанов, мора да имаме гаранции.

Нема гаранции, секоја држава може да го блокира процесот на Македонија, но ние мораме да обезбедиме некакви гаранции дека Бугарија нема да ги активира историските и образовните прашања кои се дел од францускиот предлог, вели Трајанов.

На крајот, Трајанов, кој партиципира во владината коалиција, се огради од ставовите на премиерот и некои министри кои ги делат граѓаните на про и анти ЕУ.

Апсолутно е неодговорно, неприфатливо, дури опасно да ги делите граѓаните и партиите дека едните се за Европска Унија, а другите не се. Тоа е опасна поделба, јас тоа не го поддржувам, таа реторика што ја промовира и претседателот на Влада и други министри е неприфатлива, изјави Трајанов.