Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов вели дека судскиот систем е некредибилен, под целосна контрола на политичките партии, на власта, а министрите не треба да бидат изненадени, разочарани од последните судски одлуки за „Трезор“ и Таргет-Тврдина“, туку ќе предложат и ќе преземат конкретни решенија.

Трајанов вели дека Владеењето на правото мора да биде приоритет на Владата, што не е случлај и предлагада се подготви закон или закони, со кои во текот на година дена ќе им престане мандатот на сите судии, од основните судии, па се до Врховниот суд и во тој период за секој судија да се спроведе постапка за ревизија на неговата работа, имотната состојба и постапка за реизбор.

„Професионалните, чесните и некомпромитираните да продолжат да бидат судии, а другите да понесат одговорност.Тоа би бил конкретен придонес а не да се замајува јавноста со изјавите дека судиите треба да бидат засрамени, каква хипокризија е тоа“,.

Според него, последните судски одлуки се резултат на корумпиран политичко судски пазар, а не самостојни одлуки на судиите.

„Предлог законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка и покрај поддршката од надлежните комисии, го блокирате и не дозволувате фер судење,за да се види одговорноста на политичкиот врв, обвинителите и судиите, во над 200 монтираните судски процеси.

Дојдовте на власт со паролата, НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР, а од правда ниту првата буква“, вели Трајанов како што соопштија од Демократскиот сојуз партија.