Новинарот Саше Димовски во емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа открива вчудоневидувачки информации за состојбите во македонското правосудство.
Димовски кој е еден од најдобрите познавачи на релациите меѓу политиката и правосудството открива како се бирани високи судски фактори без ниту еден ден судско искуство, како партиите делеле позиции во правосудните органи и какво е влијанието на владина партија во Управниот суд каде тој откри “загубени” 5000 предмети.
Димовски во емисијата открива и детали како Македонија ќе стане една од ретките во Европа и Азија каде законот предвидува само политичари да бидат шефови на судски органи и како судиите имаат шанса да ги блокираат.
Емисијата се гледа во еден здив и дава најдобра слика зошто македонската правда и правосудство наместо кон ЕУ итаат кон амбисот.