Танасис Мораитис, кој преку 48 години живеел во местото Мати кое речиси целосно е уништено во катастрофалниот пожар кој го зафати полуостровот Атика, за грчките медиуми раскажа трагична сторија.
Во моментите кога огнот стигнал до прагот на неговата куќа тој се нашол пред болна дилема: дали да ја спаси неговата мајка или неговата сопруга и дете.
„Сè се случи во една минута, а немав избор. Мајка ми не можеше да се движи, имаше 90 години“, раскажа Мораитис, „Дозволив мајка да изгори“ …