Трагедија кај охридскиот аеродром, едно лице загина

Во близина на охридскиот аеродром вечерва едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа.

“Вечерва околу 19 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на стариот пат Охрид -Струга, кај Оровничка плаза, товарно возило удрило пешак, кој починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид вршат полициски екипи, поради што сообраќајот е пренасочен на магистралниот пат. Повеке информации во текот на утрешниот ден”, изјави во врска со несреќата портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски за локалните медиуми.

Неофицијално се работи за лице на околу 60 години кое е жртва на несреќата.